Говор на омраза во медиумите и техники на убедување во реклами

За подобро да го разбереме светот околу нас, често прибегнуваме кон стереотипи. Стереотипите се верувања кои ги имаме за некого едноставно затоа што припаѓа на одредена група (на пр. млади луѓе, жени, Срби, Хрвати, Роми, спортисти, пејачи, политичари итн.). Тие се генерализирани верувања за карактеристичните својства на одредени групи. Стереотипите ја формираат когнитивната компонента на предрасудите, што значи дека се засновани на верувања, додека предрасудите исто така вклучуваат емотивна компонента (емоционално обременети ставови кои можат да се променат) и конативна компонента - на пример, дистанцирање од некого само затоа што припаѓа на одредена група. Говорот на омраза е вербална манифестација на предрасуди преку навреди или таргетирање, што ја продлабочува нетрпеливоста кон одредени групи и потенцијално ја загрозува безбедноста на таргетираните поединци.  Извор на дефиницијата