Манипулација со фотографии и податоци

Со цел да промовираат одредени политички или општествени ставови, некои медиуми манипулираат со фотографии или статистички податоци. Преку следните прашања ќе научите како брзо и лесно да проверите дали медиумите се обиделе да манипулираат со некоја слика за да привлечат читатели или да постигнат одредена цел, а потоа да се обидете да откриете како податоците се погрешно протолкувани или манипулативно интерпретирани.